Најава: КК Куманово - КК АБА Струмица

 

По паузата околу новогодишните и божиќните празници продолжува првенството во кошарка. КК Куманово на домашен терен игра многу важен натпревар со екипата на КК АБА од Струмица која е една од двата последни натпревара кои одлучуваат дали нашата екипа ќе разигрува за Плеј оф или ќе се бори за опстанок во лигата.
За тоа да продолжиме да ја полниме нашата сала и да помогнеме на нашиот тим КК Куманово да се избори за Плеј оф.
 

Сабота - 28.01.2012 - 19ч. Спортска сала Куманово!

 

 
ЗАБРАНА ЗА МЗТ

Иако до последен момент се надевавме дека ќе ни бидне дозволено да се појавиме на натпреварот КК МЗТ-КК Куманово во Скопје сепак најавената забрана пристигна. Ништо не е препуштено на случај. Од Скопје е испратен допис со категорична забрана за доаѓање на "КУМАНИ" на МВР-Куманово, КК Куманово а известено е исто така и МВР СКОПЈЕ. Наскоро ќе го објавиме оргиналот од забраната во целост. Само да потсетиме дека ние сме досега прва навивачка група на која и е забранет пристап во салата Јане Сандански.

 
КК Куманово - КК Торус

 

Кажавме дека нема да пишуваме големи извештаи поради злоупотреби од некои интернет портали, поедини медиуми и така натаму. Но овој пат мора да се огласиме. "КУМАНИ" не се хулигани и дивјаци. На натпреварот КК Куманово-Торус имаше невидено обезбедување од полицијата. 

повеќе...
 
КК Куманово - КК Вардар

 

Утакмица КК Куманово-КК Вардар и конечно една победа. Натпреварот се одигра без присаство на публика, поради казната заработена претходно. Само на своето стандардно место беше ставен ударниот транспарент Кумани, а подолу од него на другата ограда со порака до играчите: ЈОШ 1 ПОРАЗ, ПЕТА ЛИЧНА!

 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 Следно > Крај >>