|
КК КУМАНОВО-КК МЗТ СКОПЈЕ |
|
Следната утакмица која нашите кошаркари ја играат на домашен терен е против извонредно појачаниот и силниот состав на МЗТ Скопје на 15.02.2012г. Да потсетиме дека КК Куманово во 2012 година во официјален натпревар нема пораз, што е додатен мотив пред овој голем дерби натпревар. Во моментот се наоѓаме на петото место и секој бод е важен бидејќи четвртопласираниот тим се пласира во плеј-офот. Сигурно во ваква атмосвера, каква е во Куманово а по победата над Фени сега ќе биде сигурно и полудо. По Фени ќе паднат и многу други фаворизирани екипи. За преполна сала на овој натпревар нема никаква дилема, меѓутоа на истиот мора да се случи и најдоброто навивање во историјата на"КУМАНИ". Ние тоа го можеме, само е потребно сите да се ангажираме и на тој начин да продолжиме да ја пишуваме навивачката историја на Куманово. |
|
|
КК Куманово - КК Фени Индустри |
|
Не знаеме со какви други зборови би го опишале она што се случува на кошаркарските натпревари во Куманово, освен "ЛУДИЛО". 7.000 гледачи на секој натпревар. Навивање и кога се води и кога се губи тоа е сосема неважно. 7000 срца чукаат како едно во ритамот на сино белата боја. Оној кој го нема доживеано ова со зборови не можеме да му го опишеме колку и да се трудиме.
|
|
повеќе...
|
|
На завршувањето на регуларниот ток на првенството КК Куманово успеа да го освои шестото место, кое не води помеѓу првите шест екипи во лигата и борба за плеј оф. Во Скопје е победен Вардар. Нормално подршката од трибините и покрај работниот ден и поларната зима не изостана. Се навиваваше во текот на целиот натпревар без разлика дали водиме или губиме. На крајот бевме наградени со победа од нашите играчи и заеднички ја прославивме победата која дава потик и надеж дека во наредните натпревари против исклучително јаките противници нашиот тим ќе биде на ниво. Првото искушение не чека веќе во сабота на домашен терен. Сликите и видео клипот од натпреварот со Вардар можете да ги видите во нашата галерија и во видео делот на сајтот. |
|
КК Куманово - КК АБА Струмица |
|
И покрај извонредно студеното време и незатоплена сала, не е ни потребно да се повтараме дека стандардно запад беше полн. Навивањето одлично. Се гледа дека имаме потенцијал, само со малку повеќе труд и некои ситни промени можеме уште многу подобро во сите сегменти.
|
|
повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 Следно > Крај >>
|