Р.К.КУМАНОВО-Р.К.РИНИА
СООПШТЕНИЕ
По повод разните приказни, невистини и полувистини кои кружат по градот Куманово, а потикнати од бојкотот на навивачката група "КУМАНИ" кон натпреварите на КК Куманово се обраќаме со ова соопштение. Денес К.К.Куманово кое е првопласирано на табелата гостува кај Ултимат Баскет во Прилеп, инаку второпласиран. Со победа скоро сигурно кумановската екипа ќе се пласира во првата лига, кога се знае дека 2 екипи влегуваат таму. Од таа причина за овој натпревар, доколку нашите кошаркари победат обезбедени им се премии и вечера (што е невиден преседан и само од себе чудо, ако не е само нова лага). Дел од кошаркарите свесни дека им треба подршка понудиле на клубот да се откажат од овие привилегии, а за возврат со тие пари да се платат автобуси за навивачите, како би добиле подршка за екипата. Одговорот кој им е даден е следниот: НЕ, ТИЕ ТАМУ ЌЕ СЕ ТЕПААТ. Е тука започнува се. Што сме ние? Некои дивјаци и кога одиме по улица кршиме глава на секого што ќе го сретнеме? Како прво ние тие автобуси немаше да ги прифатиме, од причина што последен проблем се автобуси. 1 или 2 можеме и сами да си платиме. Проблемот е многу подлабок, а од друга страна многу едноставен. Ние не бараме пари, не бараме кули и градови. Бараме само коректен однос и разговор и подобро работење во клубот. Не може наш претставник да е "рамноправен" член на управата, а никогаш да незнае што се случува во клубот. Значи управата не донесува одлуки, барем не официјално. Можеби се прават записници за донесување одлуки кои ги донесува некој лично, а не некаква управа што всушност постои само на хартија. Сега директно се обраќаме до "тренерот", (под наводници, бидејќи имаме впечаток дека тој е се во клубот) Димитриевиќ. Човекот изгледа направил клуб за самиот себе работи што и како сака. Само ќе го потсетиме што ни кажа во септември, пред почетокот на првенството. Цитираме: "АВТОБУСИ ЗА ГОСТУВАЊЕ ИМАТЕ КОЛКУ САКАТЕ, ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САМО ЌЕ ЗАВРТИ ЕДЕН ТЕЛЕФОН И СЕ ЌЕ Е СРЕДЕНО" Имаше уште многу приказни и ветувања кои во овој момент не се многу битни. Ако тој заборавил што зборуваше ние добро паметиме. Само "КУМАНИ" вака или онака пак ќе се појават на кошарка. Затоа што за разлика од него кој нема дадено скоро ништо за кумановската кошарка, бидејќи играше во Кочани, Работнички и ред други клубови, а најмалку во Куманово. Ние имаме дадено многу. Ние 20 години сме тука, а тој? Многумина како него имаат пројдено низ нашата спортска сала и сите заминаа. Остануваме само ние.
КУМАНИ ЗАПАД


